Наша Цел
Климатската и еколошката криза се најгорливите проблеми на денешницата. Најголемото тело на реномирани научници од целиот свет го предупредува човештвото за сериозните негативни влијанија од глобалното затоплување кое ни се случува; и во Специјалниот извештај за Затоплување од 1,5° Целзиусови и во најновиот Специјален извештај за Климатски Промени и Земјиште. Додека локални заедници низ целиот свет ги градат алтернативите што нè водат кон социјално-праведна и еколошки-здрава иднина која ни е потребна, прозорецот за значајна заедничка глобална акција за да се спречат најлошите последици се затвора брзо.
Во 2019 година забележано е зголемување на медиумската покриеност и дебатите околу климатската криза заради настани како пожарите низ Амазонската дождовна шума, брзото топење на глечери и како никогаш досега забележаните високи дневни температури низ Европа. На овие теми големо внимание привлекоа и активностите на движењата Петоци за Иднината и Extinction Rebellion. Но, во овој процес забележавме и ширење на дезинформации што е доказ дека проблемот е сè уште во голема мера погрешно разбран заради неговата комплексност и влијание на секој аспект од нашите животи.
Нашата цел е да правиме јасен преглед на науката за климатската криза и да ги демистифицираме најважните информации, особено во Централна и Југоисточна Европа со фокус на Северна Македонија. Важно е да се обезбеди база на информации што ќе ја опишат реалноста на кризата, ќе ја објаснат суштината на проблемот и како последиците влијаат на различни аспекти од нашето секојдневие.
Кои Сме Ние
COP25 Watch е креиран од Симона Гетова и Џеј Ди Фаруџиа, управувачки партнери на Muster Collective. Имаме долгогодишно искуство во секторите животна средина и социјална правда преку истражување, кампањи, обуки, консултантски услуги и управување со проекти. Имаме работено и координирано проекти во рамките на трите сектори (граѓанскиот, јавниот и приватниот) поврзани со климатските промени, енергетиката, зачувувањето на животната средина, управувањето со риболов и комуникациите во животната средина, во повеќе земји, вклучително и во Северна Македонија, Малта, Шведска, Унгарија, САД, Костарика, како и на многу пан-европски проекти.
Веќе неколку години ги следиме и ги покриваме климатските преговори на UNFCCC.
Оваа веб страна беше поддржана од
