За македонски видете подолу

COP25: Prelude

The climate and ecological crisis are the most pressing issues of our time. The biggest body of renowned scientists in the world have warned humanity of the dire impacts we are already experiencing and of the global warming path that we are on; both in the Special Report on 1.5° warming and in the latest Special Report on Climate Change and Land. While communities across the globe are building the alternatives that lead us to the socially-just and ecologically-sound future we need, window for meaningful joint global action is closing to prevent the worst consequences of big part of the planet becoming uninhabitable.


Global leaders, heads of states, and civil society from around the world are convening for the 25th Conference of the Parties (COP25) of the United Nations Framework Convention on Climate Change from 2nd until the 13th of December this year in Santiago, Chile, to discuss, organise and hopefully bring forward socially-fair and urgently-implementable plans of action.

These negotiations have taken place on a yearly basis since 1992 with very little progress and media coverage.





Our aim is to communicate this urgency as wide as possible and ignite meaningful action within the Macedonian and the Maltese context, and beyond. By attending the two-week long COP25 in December, as well as the parallel events happening outside the official negotiations in Santiago, we aim to be providing a climate justice analysis on a daily basis from this year’s talks. We will share this content across various platforms with the aim to bring the negotiations closer to the people and any affected or interested entities.


Given the scale of the problem, everyone has an important role to play in the transition towards a future with access to a dignified life for current and future generations. Whether you are an individual, a small organisation, or a big company, the environmental and societal changes are under way, and COP25 Watch keeps you up-to-date and equips you with the information you need to adapt and help shape that future.



COP25: Вовед


Климатската и еколошката криза се најгорливите проблеми на денешницата. Најголемото тело на реномирани научници од целиот свет го предупредува човештвото за сериозните негативни влијанија од глобалното затоплување кое ни се случува; и во Специјалниот извештај за Затоплување од 1,5° Целзиусови и во најновиот Специјален извештај за Климатски Промени и Земјиште. Додека локални заедници низ целиот свет ги градат алтернативите што нè водат кон социјално-праведна и еколошки-здрава иднина која ни е потребна, прозорецот за значајна заедничка глобална акција за да се спречат најлошите последици се затвора брзо.


Глобалните лидери, шефови на држави и граѓанското општество од целиот свет се собираат на 25-та Конференција на Партиите (односно Conference of the Parties - COP25) на Рамковната Конвенција на Обединетите Нации за Климатски Промени од 2-ри до 13-ти декември оваа година во Сантијаго, Чиле, да дискутираат, да се организираат и се надеваме, да донесат планови за акција кои ќе бидат социјално-економски праведни и итно имплементирачки.

Овие преговори се одвиваат на годишно ниво од 1992 година со многу мал напредок и многу мало медиумско покривање.





Нашата цел е да ја пренесеме оваа итност на што е можно повеќе страни и да инспирираме значајно дејствување во македонскиот и малтешкиот контекст и пошироко. Со присуството на двонеделната COP25 во декември, како и на паралелните настани што се случуваат надвор од официјалните преговори во Сантијаго, имаме за цел да обезбедиме дневни анализи преку призмата на климатска правда од овогодишните климатски преговори. Оваа содржина ќе ја споделиме преку нашата веб-страница, COP25 Watch, и низ различни медиумски платформи со цел да ги доближиме преговорите до луѓето и сите засегнати и заинтересирани субјекти.


Со оглед на обемот на проблемот, секој игра важна улога во транзицијата кон иднината со достоинствен живот за сегашните и идните генерации. Без разлика дали сте индивидуа, мала организација или голема компанија, промените во животната средина и во општеството се во тек, а COP25 Watch вe информира и ви ги подготвува анализите кои ви се потребни за да се прилагодите на промените и да помогнете во обликувањето на посакуваната иднина.