За македонски видете подолу

The Changes the Climate Crisis is Bringing to North Macedonia


Every year, discussions on climate change are increasing worldwide. The scientific community has virtually unanimously confirmed that climate change is happening and it is a human-made cause due to global emissions from fossil fuels with reports and scientific articles continuously released warning us that, unless big changes are made, we are looking at a crisis like we have not seen before. But what does this mean for North Macedonia? How will this affect the 2.1 million people (according to the 2002 census) living here?


57% of the Macedonian population lives in urban areas meaning that a significant amount of people are based in rural parts of the country. In fact, agriculture is responsible for 10% of North Macedonia’s GDP and holds 17% of the workforce. North Macedonia is a biodiversity-rich country home to approximately 16,000 species, 854 of which are endemic. 40% of the country’s land is forested and lakes and wetlands like Dojran, Ohrid, Prespa, and the Vardar Valley are all home to rich ecosystems. Keeping all this in mind, North Macedonia stands to lose a lot to the climate crisis.


According to scientific projections, by 2050 we can expect to see up to a 3.3°C increase of average temperature, a 5% decrease in average rainfall and more frequent and severe drought and extreme weather events. Between 1981 and 2010 there has been an increase in average annual temperature between 0.2°C - 0.5°C which is even higher during the summer months. These changes will be felt in every area, particularly in agriculture, the country’s water resources, the energy sector, in the various Macedonian ecosystems and, of course, the direct impacts on human life.


Agriculture


The agriculture sector not only contributes a significant percentage to the country’s GDP and employment. There are 193,000 family farms in Macedonia which is a very high number considering the relatively small population. Due to climate change, the industry can expect less crop production, more crop and livestock damage, and higher levels of soil erosion. Large drops in production were reported between 2008 - 2012 due to increased heatwaves and dry periods and as the temperature continues to increase there will be fewer opportunities for farmers to grow and harvest healthy crops. By 2050, we could be looking at a 21% decrease in wheat production and a 56% decrease in maize production for example. The increase in temperatures also means that crops and livestock will become more prone to pests and diseases.


Water Resources


North Macedonia relies on rainfall and snowmelt for most of its freshwater. The increase in temperatures and a decrease in rainfall naturally means that water availability will become problematic. Many freshwater springs that are used to supply certain small villages could easily dry up completely. It is expected that, by 2050, the demand for water for agriculture will increase by 50% but its availability will decrease anywhere between 30 - 40% at the same time.


Energy


Currently, the country obtains 48% of its energy from fossil fuels (mostly from a lignite coal thermal power plant), 34% from hydroelectric plants, 15% for natural gas and 3% from renewable energy. Due to increasing concerns about fossil fuels and climate change and the very high levels of air pollution in the country, North Macedonia has committed to reducing its emissions from fossil fuels by at least 30% compared to business as usual. To achieve this, there has been an increase in hydropower investment as well as natural gas. While both options are considered to be problematic by many climate activists due to social and environmental implications, the industries also face issues due to climate change. Hydropower infrastructure is vulnerable to the decrease in rainfall and increased landslides and soil erosion while natural gas pipelines are also vulnerable to the same extreme weather events.


Biodiversity and Ecosystems


North Macedonia’s rich natural heritage is and will continue to see an unprecedented loss of biodiversity and landscape degradation. Temperature increases and drought will change the landscapes and habitats of lakes and wetlands and will be the cause of many more forest fires. Between 1999 to 2012, 2,800 forest fires were reported which burnt 130,000 hectares of land costing the country $78 million (almost 4.4 billion MKD).


The People


The effects of climate breakdown will reach everyone and anyone, albeit not equally. Unfortunately, people living in rural areas with fewer resources are the most vulnerable and have already begun to feel its effects. There will be less access to clean water resources and nutritious food as the agricultural industry continues to face increasing problems. More extreme weather events like heatwaves and flooding are a direct threat to human wellbeing.


Sources used:

Climate Risk Profile of North Macedonia

Nationally Determined Contribution of Republic of North Macedonia

The Strategy for Energy Development of the Republic of North Macedonia by 2040


Промените кои Климатската Криза ги носи за Северна Македонија





Секоја година, дискусиите за климатските промени стануваат се’ поголеми ширум светот. Научната заедница речиси едногласно потврдува дека климатската криза се случува и нејзиниот причинител е човековата активност. Научни истражувања и извештаи кои континуирано се спроведуваат и се објавуваат, покажуваат дека кризата е резултат на глобалните емисии од фосилни горива. Истите не’ предупредуваат дека ако не се направат големи промени, човештвото ќе претрпува климатски и екосистемски колапс каков што не сме виделе порано. Но, што значи ова за Северна Македонија? Како тоа ќе влијае на 2,1 милиони луѓе (според пописот од 2002 година) кои живеат тука?


57% од македонското население живее во урбани средини што значи дека значителен број луѓе се со седиште во руралните делови на земјата. Всушност, земјоделството е одговорно за 10% од БДП на Северна Македонија и има 17% од работната сила. Северна Македонија е земја богата со биолошка разновидност со околу 16,000 видови, од кои 854 се ендемични. 40% од земјиштето на државата е пошумено, а езерата и мочуриштата како Дојран, Охрид, Преспа и Вардарската долина се дом на богати екосистеми. Имајќи го предвид сето ова, Северна Македонија има многу што да изгуби заради климатската криза.


Според научните проекции, до 2050 година можеме да очекуваме забележителен раст на просечната температура од 3,3°C, намалување од 5% на просечните врнежи од дожд и почести и тешки суши и екстремни временски настани. Помеѓу 1981 и 2010 година има зголемување на просечната годишна температура помеѓу 0,2°C - 0,5°C што е уште повисоко во текот на летните месеци. Овие промени се’ повеќе ќе бидат почувствувани во секоја област, особено во земјоделството, водните ресурси на земјата, енергетскиот сектор, во различните екосистеми и се разбира, ќе имаат зголемено директно влијание врз животот на луѓето.


Земјоделство


Земјоделскиот сектор не само што придонесува значителен процент во БДП и вработеноста во земјата. Во државата има 193.000 семејни земјоделски фарми што е голем број со оглед на релативно малото население. Поради климатските промени, индустријата може да очекува помалку производство на земјоделски култури, поголемо оштетување на земјоделските култури и добиток и повисоко ниво на ерозија на почвата. Големи падови на производството се забележани помеѓу 2008 - 2012 година како резултат на зголемени топлотни бранови и суви периоди и со оглед на тоа што температурата продолжува да се зголемува, ќе има помалку можности за земјоделците да одгледуваат и берат здрави култури. До 2050 година, би можеле да очекуваме намалување од 21% на производството на пченица и 56% намалување на производството на пченка. Зголемувањето на температурите исто така значи дека земјоделските култури и добитокот ќе станат поподложни на штетници и болести.


Водни ресурси


Северна Македонија се потпира на врнежи од дожд и топење на снег за поголемиот дел потребна питка вода. Зголемувањето на температурите и намалувањето на врнежите од дожд значи дека достапноста на водата ќе стане проблематична. Многу извори на слатки води што се користат за снабдување на одредени мали села може лесно да се исушат целосно. До 2050 година се очекува побарувачката за вода за земјоделието да се зголеми за 50%, но нејзината достапност истовремено да се намали за некаде помеѓу 30 - 40%.


Енергија


Во моментов, земјата добива 48% од својата енергија од фосилни горива (претежно од термоцентрала за лигнит-јаглен), 34% од хидроцентрали, 15% од природен гас и 3% од обновлива енергија. Поради зголемената загриженост за емисиите од фосилните горива и придонесувањето кон климатската криза и многу високите нивоа на загадување на воздухот во земјата, Северна Македонија се обврза да ги намали своите емисии од фосилни горива за најмалку 30% во однос на вообичаеното сценарио. За да се постигне ова, забележано е зголемување на инвестициите во хидроенергија, како и на инвестициите во природниот гас. Додека и двете опции се сметаат за проблематични од многу климатски експерти и активисти заради социјалните и еколошките импликации од истите, овие индустрии исто така се соочуваат со проблеми како резултат на климатската криза. Хидроенергетската инфраструктура е подложна на намалување на врнежите од дожд и зголемено лизгање на земјиштето и ерозија на почвата, додека гасоводие исто така се ранливи на истите екстремни временски настани.


Биодиверзитет и екосистеми


Богатото природно наследство во Северна Македонија е и ќе продолжи да забележува невидена загуба на биолошката разновидност и деградација. Зголемувањето на температурата и сушата ќе ги променат пејзажите и живеалиштата на езерата и мочуриштата и ќе бидат причина за многу повеќе шумски пожари. Помеѓу 1999 и 2012 година, беа пријавени 2.800 шумски пожари во кои изгореа 130.000 хектари земјиште што земјата ја чинеше 78 милиони долари (скоро 4,4 милијарди денари).


Луѓето


Ефектите од климатскиот и еколошкиот колапс ќе влијаат на сите, но не еднакво. За жал, луѓето кои живеат во руралните области со помалку ресурси се најранливи и веќе ги чувствуваат ефектите. Ќе се соочуваме со се’ помал пристап до ресурсите за чиста вода и здрава храна и земјоделието ќе продолжи да се соочува со поголеми проблеми. Екстремните временски услови како топлотните бранови и поплавите кои ќе се зачестуваат, се директна закана за човековата благосостојба.


Извори:

Climate Risk Profile of North Macedonia

Nationally Determined Contribution of Republic of North Macedonia

The Strategy for Energy Development of the Republic of North Macedonia by 2040